Овен (21.03 – 20.04)
Подготвени сте да влезете во нови предизвици. Внимавајте што потпишувате, особено ако се работи за работа со некој кој не го познавате добро. Можна е романса на работа со лицето кое површно го познаате или авантура на краток пат. Лошо се чувствувате.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе доживеете непријатност од лицата со кои имате проблем на работа. Имате прилика да склопите многу добар договор. Предмет сте на внимание кај вашите најблиски. Ви претстојат позитивни промени во љубовта. Потребни ви се повеќе одмор и сон.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Искористете ја одличната шанса за решавање на администрацијата и важните документи за вас. Внимавајте да не ви избега некој многу важен детал. Ви претстои интересна средба на некое патување. Опуштете се.
Рак (22.06 – 22.07)
Многу сте издржливи и упорни. Можете да очекувате поволен исход на некоја ситуација од која на некој начин зависите. Го привлекувате вниманието на лицето кое ви се допаѓа, особено ако станува збор за огнен знак. Можни се повремени срцеви аритмии.
Лав (23.07 – 22.08)
Некој по секоја цена сака да влијае на вас. Од вас се очекува иницијатива на работа. Ќе имате прилика да се сретнете со некоја личност која долго не сте ја виделе, а која на емотивен план многу ви значи. Можни се проблеми со бубрезите.
Девица (23.08 – 22.09)
Сакате многу работи да промените, а за тоа немате трпение. Постојат многу нешта кои не ви се познати. Почекајте случувањата да почнат да се одвиваат сами по себе, без оглед на тоа за кој сегмент од животот се работи. Избегнувајте консумирање на слатки.
Вага (23.09 – 22.10)
Паричната ситуација конечно се поправа и ќе бидете задоволни. Проширете го кругот на пријатели. Во љубовта ве очекуваат позитивни случувања и би било добро да покажете малку повеќе иницијатива. Партнерот ви е верен. Можни се повремени вртоглавици.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Некој кој не ви мисли добро ќе се обиде да ви наштети. Не го ветувајте тоа што не сте во состојба да го исполните. Донесувате брзоплети одлуки. Односите во љубовта не се онакви какви што очекувате, поради што сте виновни и вие самите. Вашето здравје е добро.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Задоволни сте бидејќи успевате да решите некоја за вас многу важна работа. Паричната ситуација се средува. Имате потреба да изразите што чувствувате и тоа понекогаш го правите на своја штета. Партнерот е подготвен да се впушти со вас во заедничка борба. Можни се болки во зглобовите и мускулите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ви се препорачува внимание кога станува збор за потпишување на некои важни документи и договори. Вашата концентрација не е сјајна, а вие за многу прашања сте прилично наивни. Би требало максимално да и се посветите на вашата здравствена ситуација.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе успеете да решите некои важни финансиски потешкотии. Имате големи планови во врска со работата поради која ќе морате почесто да патувате. Очекувате вашата средба со една многу интересна и харизматична личност. Консумирајте повеќе течности.
Риби (20.02 – 20.03)
Одлично ги решавате проблемите. Станувате значително одлучни во своите барања, а во тоа ви помага поседувањето на некои многу важни документи кои ќе ви бидат од голема корист. Во љубовта многу барате и критички сте настроени. Ви се препорачува масажа.