Под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка, во следниот период температурите ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Сепак во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.
Поголеми услови за нестабилност, и на повеќе места ќе има во среда и во четврток, кога ќе има услови за локална појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
И во Скопскиот регион во следниот период ќе биде МНОГУ ТОПЛО, со максималните температури кој ќе се искачуваат во интералот од 34 до 37 степени, но сепак во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, особено во среда и во четврток кога во делови од котлината ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ.
УВ – ИНДЕКСОТ во следниот период ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki