Многу убав емотивен момент за Биковите, лажна надеж за раковите – Дневен Хороскоп (26.11.2021)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Не трошете го времето на неважни работи. Насочете се кон тоа што ви овозможува напредок во работата. Не ги сокривајте чувствата пред саканото лице, отворете го срцето.

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ќе морате да смислите добро објаснување за тоа што не сте ги исполниле зацртаните цели. Во љубовта ќе доживеете многу убав емотивен момeнт кој ќе ве исполни со среќа.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќутливи сте во однос со соработниците, а тие тоа го тумачат како знак за недоверба. Во љубовта покажете му на саканото лице дека имате манири. Направете да се чувствува посебно.

Рак (22.06 – 22.07)

Обидете се да бидете целосно искрени кон соработниците. Можно е да ве искритикуваат. Но ќе ја ценат вашата искреност. Во љубовта имате лажна надеж. Беспотребно живеете во минатото.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе добиете многи корисни инфорамции. Искористете ги на вистинскиот начин и добро ќе профитирате. Во љубовта ве очекува интересно и убаво љубовно изненадување.

Девица (23.08 – 22.09)

Не потценувајте ја работата и вештините на некој. На тој начин нема да се издигнете себе си во очите на колегите и надредените. Во љубовта престанете да изигрувате таен детектив пред саканото лице.

Вага (23.09 – 22.10)

Не полимизирајте со наредените, туку исправете ја грешката која сте ја направиле. Во љубовта можни се мали проблеми со партнерот. Сметајте на поддршка од семејството.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Време е да бидете љубопитни и отворени кон деловните можности. Во љубовта не ги игнорирајте грижите на партнерот. Покажете му дека секогаш ќе бидете со него.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не потпирајте се на нечии ветувања. Потпрете се само на своето знаење и искуство и така ќе немате проблеми. Во љубовта едно лице ви ласка и ви доделува комплименти.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе понајдете начин да ги победите вашите лоши навики. Тоа ќе ви помогне да напредувате во работата. Во љубовта размислите затоа што сте му го кажале на партнерот, Очигледно е дека силно сте го повредиле.

Водолија (21.01 – 19.02)

Настапете дипломатски во односот со деловниот партнер, така е најдобро за работата. Во љубовта на партнерот му недостасува вашето разбирање. Обидете се да позборувате со него.

Риби (20.02 – 20.03)

Побарајте практичен совет од лицето кое има доволно искуство, Не се срамете. Вашето однесување во љубовта ја отсликува емотивната стабилност. Не се плашете, саканото лице нема да го искористи тоа.