Многу услуги на Епл не работат, корисниците пријавуваат проблеми

|

Корисниците на уредите и услугите на Епл известуваат за големи проблеми со нивната работа во последните неколку часа. Многу од услугите на Епл се чини дека престанаа да работат, а се пријавени и голем број други грешки и проблеми.

Епл мјузик, Ајмесеџ и Ајклоуд во моментов не работат правилно, а корисниците го преплавија Доун Детектор со извештаи дека нешто не е во ред. За многумина, ниту Епл Стор не работи.

Епл ги потврди проблемите на својата официјална веб-страница.

Тие наведуваат дека не функционираат следните услуги: Apple Store, Apple Arcade, Apple Music, Apple TV Plus, iTunes Store, Podcasts, Radio, Apple Business Manager, Apple School Manager, Device Enrollment Program и Schoolwork.