МНР со демант: Лажна вест е дека Димитров си поднел оставка

ИЗВОРСкопје24
|

Министерството за надворешни работи најостро ги осуди, како што се вели во соопштението, малициозните обиди за ширење лажни вести и децидно ја демантираше дезинформацијата дека министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, дал оставка.

„Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, како и досега, така и понатаму, ќе продолжи посветено да работи на европската и евроатлантската иднина на земјата, со цврста верба во решителноста и јасно изразената мнозинска волја на вчерашниот референдум.

Во овие клучни времиња за Република Северна Македонија, најмногу од се’ е потребна мудрост, разум и храброст за преземање одлучни чекори за конечно обезбедување иднина за нашите граѓани.

Повикуваме на одговорност за овој груб фалсификат, кој и покрај аматерскиот и крајно очајнички обид за лажно продуцирање на официјален акт на министер во Владата на Република Северна Македонија, прави голема штета со тенденциозното пласирање на една огромна невистина“, стои во соопштението на Министерството за наддворешни работи.