Модна битка: Карлеуша ја ископира Северина – На која и стои подобро (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Критичарите на Северина Којич (47) можат да и замерат многу нешта, но она што не може никој да го побие е дека е икона на стилот.

Откако минатиот месец се појави во црн комбинезон со бели точки, сега нејзиниот аутфит се одлучи да го ископира и Јелена Карлеуша (40).

На Инстаграм таа објави фотографија на која позира во истиот комплет од Zara чија цена изнесува околу 50 евра. Комбинацијата ја надополни со бели сандали и црн шешир.

А еве како овој комбинезон изгледаше на популарната Северина.

– На некого овој аутфит изгледаше евтино, но на тебе…. гори, и напиша една воодушевена обожавателка на Јелена Карлеуша.

Со сличен комбинезон со бели точки неодамна се пофали и поранешната членка на групата Колонија, Индира Левак (45).