Јосип Мајиќ е сопственик на ИТ компанија која работи на американскиот и европскиот пазар. Во неговата компанија Tech Resources секој вработен има целосна слободна да го организира својот работен ден – според него, тоа е една од тајните за успешен бизнис и задоволни вработени.
“Работа има, особено за информатичарите. Пазарот е глобален, а тој што сака да најде работа може без проблем да го направи тоа. Се се учи. Во ИТ индустријата има толку многу различни гранки, толку многу различни можности, така што не мора да работите само со кодови, може да се забавувате со дизајн, продажба, маркетинг и слично, а тој што сака да работи може да заработи повеќе отколку во Ирска или Германија, без да работат толку многу како во овие две земји“, вели Јосип Мајиќ, основач на компанијата Tech Resources која работи на американски и германски пазар.
Во неговата компанија има 14 вработени меѓу кои 11 на полно работно време и 3 на пракса или пробна работа. Некои од нив имаат долгогодишно искуство во работење со големи американски и европски компании.
Култура на отворен ум
Tech Resources е агенција за софтверски развој и консултантска компанија специјализирана за решавање на технички проблеми, а нивниот најуспешен производ е софтвер за обработка на платите кој го користат голем број компании од САД.
Исто така, тие се специјализирани за развивање на софтвер за резервации на билети во туристичката индустрија, заштита на личните податоци во медицината и слично. Имаат неколку клиенти од Хрватска, но воглавно работат со компании од надвор.
Компанијата е препознатлива по тоа што во неа владее култура на отворен ум каде што вие додека сте на работа имате целосна слобода да правите што ќе посакате, се додека си ги извршувате своите работни задачи, а тоа може да биде: флексибилно работно време, самостојно да го одредувате почетокот и крајот на работата, паузите, да се организирате за вашите приватни обврски и да се вратите на работа кога и да посакате.
“Немам никаков проблем и со тоа моите вработени да работат на други проекти од кои би можеле да заработат екстра пари. Сите ние работиме за да заработиме повеќе и јас го почитувам тоа. Денот ни започнува со кратки состаноци, ги дефинираме нашите дневни цели и не постои никаков проблем. Секој индивидуално го одредува темпото и динамиката на работа. Луѓето треба да го сакаат она што го прават, и најважно од се, тие треба да бидат задоволни. Се обидувам да бидам фер, како што се моите вработени со мене, вели Јосип во интервју за Слободна Далмација.“
Јосип Мајиќ е роден во Канада, а живеел и работел во САД дури 12 години. Дипломирал електротехника во 1996 година на ФЕСБ во Сплит.