Мојата болест на Марија потешко и падна од мене: Верица се огласи за најтешкиот период

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Верица Шерифовиќ храбро се соочи со ракот на дојката во 2018 година. Мајката на Марија Шерифовиќ потоа била оперирана на Институтот за онкологија и радиологија во Белград.

Верица во интервју за српскиот Курир една година подоцна откри дека се е во ред и дека најлошото е зад неа. Сепак, таа признава дека на нејзината ќерка Марија и било многу тешко да дознае дека нејзината мајка е болна.

– За среќа, се беше откриено на време. Во тоа време, не беше многу сериозно. Сега сум добро, по операцијата која успешно ја изведе д-р Жодиќ и му благодарам за се, редовно одам на прегледи – изјави таа во 2019 година и додаде дека најтешкиот период и бил од кога таа ја дознала дијагнозата.

– За среќа операцијата беше закажана брзо, така што брзо помина и најголемиот стрес. Сакам да ги советувам сите жени да направат самопреглед бидејќи така навреме се открива. Тогаш не е ништо страшно – советува Верица од која ќерката никогаш не се разделила во тие тешки моменти.

– Марија цело време беше покрај мене, се трудеше да биде силна. Морам да признаам дека мојата болест беше потешка за неа отколку за мене. Така ми рекоа нејзините пријатели, дека пред мене се преправала дека е силна, но дека всушност и било многу тешко – изјави Шерифовиќка.

Кога лекарите на мајката на поп-ѕвездата открија малигни промени при редовен преглед, тоа беше голем шок за победничката на Евровизија.