МОЌЕН ЦИКЛОН ЌЕ ГО ЗАФАТИ РЕГИОНОТ, НО И МАКЕДОНИЈА – ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ ДОЖД, СНЕГ, СИЛЕН ВЕТЕР И ГРМЕЖИ

|

На самиот крај од овој, и во почетокот од новиот месец кој ни доаѓа, Април, следува и нова голема промена на времето во Македонија, но и пошироко на Балканскиот Полуостров.

Станува збор за МОЌЕН ЦИКЛОНСКИ систем кој ќе биде со центар некаде над Италија, но и над Јадранскоо море, и истиот ќе услови ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд на многу места од регионот. Особено долж Јадранското приморје локално ќе има појава и на изразено НЕВРЕМЕ, проследено со поројни дождови, грмежи и ОЛУЕН ветер, па затоа токму поради ова граѓаните кои се наоѓаат долж Јадранското приморје особено од четврток па натаму да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Поради спуштање на доста постуден воздух од север, на самиот почеток од месец Април, на повеќе места во регионот ќе биде СНЕЖНО и се очекуваат ИНТЕНЗИВНИ врнежи од СНЕГ. Доста снег се очеекува да наврне особено во Босна и Херцеговина, Хрватска, делови од Србија и Црна Гора. Најпрвин ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец, додека потоа ветерот ќе го промени правецот во северен.

Во Македонија овој циклон од четврток па за време на викендот ќе донесе ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и засилен до СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец. На повисоките планинските места ќе има врнежи од СНЕГ. Локално ќе биде и нестабилно со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи, силен ветер и услови за локална појава на град. Сепак и покрај ова, оваа седмица температурите кај нас остануваат пролетни и нема многу да се менуваат.