Врнежите кој во текот на попладнево и вечерва ќе ја зафатат нашата држава и истите се поврзани со студен фронт од север, во раните утрински часови од утрешниот ден ќе престанат во најголем дел од државава. Снежна покривка ќе се формира на повеќе места, особено во западните предели и тоа со висина од 10 до 20 сантиметри, понекаде и повеќе. На планините истата ќе се зголемува.
Мора да се напоменеме дека во текот на претстојната ноќ, како и утре ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец кој на некои места ќе достигнува брзина од над 80 км/час. Токму поради ова ги предупредуваме граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ затоа што се работи за студен фронт кој ќе помине над нашата територија.
Инаку, како што најавивме, утре сеуште локално и тоа особено во планинските предели ќе има услови за провејување на снег. Температурите ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.
Потоа од среда па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво со повеќе сончеви периоди, додека максималните температури ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, додека наутро и тоа особено во среда ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени.
И во Скопскиот регион утре ќе дува засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец а времето ќе биде променливо облачно со услови за сосема слабо и локално проврнување на дожд и снег, потоа од среда па натаму времето ќе се стабилизира а температурите преку денот значително ќе се покачат и максималните дневни во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени. Наутро пак ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 0 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тукаМожете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki