27 годишниот Марко Трајковиќ од Куманово почина во САД по незгода со велосипед враќајќи се кон својот дом.
Сега семејството и пријателите на Марко бараат помош од сограѓаните да се покријат дел од трошоците за транспорт на неговото тело во Македонија кој чини 20.000 долари.
Отворен е повик за донација преку платформата GoFundMe каде сите хумани граѓани можат да донираат.
Имено, Марко по завршување на средното образование се упатува на студии во Америка, каде добива стипендија и се стекнува со диплома за веб дизајн.
– Неговата мајка која сега остана сама посакува тој да биде погребан со семејството на семејните гробишта во Куманово. Сепак, последното патување на Марко нема да биде возможно без ваша помош. Сакаме да ѝ помогнеме на мајката на Марко максимално непречено да го помине овој тежок период и достоинствено да се збогува со својот син. Ве повикуваме да ни помогнете Марко достоинствено да го заврши своето последно патување и да најде мир во своето вечно почивалиште во својата татковина Македонија, стои во повикот за донации.
Сите заинтересирани можат да донираат ТУКА.