Чејс Габард од Кентаки (18) имал 11 години кога ја запознал жената на својот живот, Џејми Браун (39), мајката на неговиот најдобар пријател. Се запознале кога тој имал 11 години и почнал се дружи со нејзиниот син Џејс, кој сега има 16 години, пишува „Мирор“.
Со години, Чејс и Џејс се дружеле, а во 2013 година, Џејс ѝ помогна на неговата мајка Џејми да ослабе. Трчале заедно секој ден и за една година, таа симнала 45 килограми.
Кога Чејс наполнил 18 години, конечно собрал храброст да го направи она за што со години мечтаел, ја бакнал мајката на својот најдобар пријател.
„Имам три деца и приоритет ми беше да се уверам дека на нив им е во ред мојата врска со Чејс. Откако сите се согласија, продолживме. Чејс ме бараше за жена во неколку наврати, а јас секој пат го одбивав. Меѓутоа, сега конечно реков ДА и планираме венчавка“, изјавила Џејми.
„Се држиме за раце, но се бакнуваме во образ или во чело, никогаш во уста. Се случува често во ресторан или во продавница да ме наречат негова мајка, но јас со тоа не се оптеретувам“, додала таа.
Мајката на Чејс на почетокот била против идејата нејзиниот син да се ожени со жена која е 20 години постара, но сега ги поддржува.