Момче ја запроси девојката, а изразот на нејзиното лице кога Шерифовиќ „скокна“ е урнебесен(Фото+Видео)

ИЗВОРНов Лист
|

Со оглед на тоа дека пеев на вашата свршувачка, морам да пеам и на вашата свадба – им порача Шерифовиќ.

Марија Шерифовиќ на својот Јутјуб канал објави ново видео во кое пред камера ја сними свршувачката на млад пар во која учествуваше и таа.

Имено, Марија на почетокот на снимањето изјавила дека пријателка ја замолила да се појави и да отпее песна на романтичен настан, а она што потоа го дознала ја воодушевило.

Како што објаснила, во гаражата на нејзината зграда сретнала еден дечко кој и пришол и рекол дека е млад човек кој ќе запроси девојка.

– Ми приоѓа еден дечко: „Здраво Марија, јас сум ова она, ти се јави другарка ми“. Реков: „Добро, пукај, што си замислил“. Го прашувам „Каде се случува ова? Во суштина, испадна дека живее во мојата зграда, два ката под мене. Што значи дека ќе се симнам долу во 20.30, ќе дојде мојот гитарист Дуле Алагиќ, па да видиме како ќе изгледа таа свршувачка, ова ќе биде забавно – најави Марија.

Потоа влегла во станот на момчето со гитаристот, кој ја украсил целата дневна соба со балони во облик на срце, ливчиња од роза и свеќи. На аголниот сет имало натпис направен од рози на кој пишува „Омажи се за мене“, а Марија и гитаристот се сокриле зад завесата, за да ја изненадат девојката.

Кога момчето и девојката влегле во станот и кога сфатила што се случува, Марија излегла пред нив и го прашала младиот човек: Сигурна ли си дека го сакаш ова?

Двојката се насмеа, а дечкото потоа ја запроси својата избраничка.

Марија потоа им ги испеа своите хитови „11“ и „Smart and Crazy“ и им рече на парот:

Со оглед на тоа дека пеев на вашата свршувачка, морам да пеам и на вашата свадба – им порача Шерифовиќ.Ви посакувам многу среќа и љубов и да се сакате,рекла Марија и го воодушевила парот.