Министерството за образование и наука информира дека наменските платежни картички за користење на средствата за субвенциониран студентски оброк, студентите кои ги исполните условите за остварување на ова право, ќе можат да ги подигнуваат во филијалите на Шпаркасе банка и во текот на утрешниот ден, сабота (30.9.2023).
Министерството за образование и наука упатува апел до сите студенти кои сè уште не постапиле согласно дадените насоки, да го сторат тоа и да појдат до филијалата за која се известени дека ќе им издаде картичка. Користењето на средствата за купување храна во маркети, пекарници, ресторани и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна, започнува од понеделник, односно со почетокот на новата академска 2023-2024 година.
Потсетуваме дека аплицирањето за ова право за кандидатите кои се стекнале со статус на студенти во академската 2023/2024 година, трае до 2 октомври 2023 година.