Основните и средните училишта и од утре, за кога е најавен штрајкот од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно – образовен процес, информира Министерството за образование и наука (МОН).
-Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно – образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година. Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како постоење на кризна состојба, прогласена епид*мија, односно пан*емија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година, прецизираат од МОН.
Како што нагласуваат, училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно – образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на панде*ија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото.