Секој изгубен ден и час од образовниот процес е на директна штета на учениците и никој не може да ги надомести. Затоа, Министерстевото за образование и наука ја поздравува иницијативата од Советот на СОНК за интензивирање на преговорите за зголемувањето на платите на наставниците но не и одлуката да се продолжи со штрајк, се наведува во соопштението од МОН по денешната одлука на Советот на СОНК да не ги прифати заклучоците од вчерашната седница на Владата, и да продолжи штрајкот се додека не се постигне договор по спорните прашања.
Според МОН, неодговорно е да се инсистира на продолжување со прекинот на наставата, во услови кога на наставниците им е понудено решение за раст на платите.
РАЗУМНО Е ШТРАЈКОТ ДА СЕ СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ, А СИНДИКАТОТ ДА ПРОДОЛЖИ СО ПРЕГОВОРИТЕ, СЕ ДО ПОСТИГНУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЕ ПРИФАТЛИВО ЗА СИТЕ СТРАНИ. ВО СПРОТИВНО, СОНК ЌЕ БИДЕ ЕДИНСТВЕНИОТ ОДГОВОРЕН ЗА НЕПОПРАВЛИВА ЗАГУБА НА УЧЕНИЦИТЕ И НА РОДИТЕЛИТЕ. ГИ ПОВИКУВАМЕ НАСТАВНИЦИТЕ ДА ПОЧНАТ ПОВТОРНО ДА ДЕЛУВААТ ВО НАЈДОБАР ИНТЕРЕС НА ДЕЦАТА И ДА СЕ ВРАТАТ НА НАСТАВА. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ ИМА, КАКО ШТО ИМАШЕ И ВО ИЗМИНАТИТЕ ПЕТ ГОДИНИ. ПОНУДЕНО Е ЗГОЛЕМУВАЊЕ ЗА 10 % КОИ ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДАТ СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ. ТОА ЗНАЧИ ПОВИСОКИ ПЛАТИ НА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА 2.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО. ПОНУДИВМЕ И МЕТОДОЛОГИЈА СО КОЈА ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ КОНТИНУИРАН РАСТ НА ПЛАТИТЕ И ТРАЈНО РЕШАВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ СТАТУС НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕ, НАВЕДУВААТ ОД МОН.
Воедно потсетуваат дека претходно, низ партнерски дијалог беше постигнато зголемување на платите на наставниците од 21 %. Со ова зголемување платата на наставник/чка во основно образование е порасната за над 3.200 денари плус минат труд и сега е најмалку 24.786. На наставник/чка во средно образование зголемувањето е над 4.300 денари плус минат труд и просечно платата е 25.874.
НАСТАВНИЦИ, СТАВЕТЕ ГО ИНТЕРЕСОТ НА ДЕЦАТА ПРЕД СВОЈОТ ЛИЧЕН ИНТЕРЕС. МЕСТОТО НА УЧЕНИЦИТЕ Е ВО УЧИЛИШТЕ. ПРАВОТО НА ОБРАЗОВАНИЕ НА СЕКОЕ ДЕТЕ Е УСТАВНО ЗАГРАНТИРАНО ПРАВО, АПЕЛИРААТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА.