Министерството за образование и наука интензивно работи на тоа како ќе се организира школската година, но за следната учебна година. Малку е веројатно дека учениците ќе се вратат во училишните клупи до јуни.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека Комисијата за заразни болести има подготвено препораки како да се организира наставата и други едукативни процеси. Инаку, се очекува на денешната владина седница министерството за здравство да предложи оваа година да не се полага државна матура, додека приемот на студентите на факултетите да се одвива според постигнатиот успех во текот на школувањето, додека на факултетите каде ќе има поголем интерес да се спроведе прием испит.
На денешната владина седница исто така ќе се одлучува за евентуално продолжување на полицискиот час за време на Првомајските празници, рече министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека мислењето на Комисијата за заштита од заразни болести, со консензус, сметаат дека полицискиот час треба да биде продолжен, односно да трае од четврток навечер до понеделник наутро.
Во однос на ставот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, за престојниот празник да нема ограничување како за Велигден, Филипче посочи дека одуката ќе ја донесат стручните лица од Комисијата на заразни болести, врз база на епидемиолошки и медицински сознанија.