Моника Белучи конечно откри како ја одржува витката линија: Нема да гладувате и ќе останете здрави

|

Една од најпознатите актерки Моника Белучи и на 57 години изгледа феноменално, исто како што изгледаше и во своите триесетти години. Таа е една од ретките ѕвезди кои уживаат во природното стареење и не сакаат да променат ниту дел од себе, а секако на нејзина страна е и одличната генетика која ја орави да изгледа барем 20-тина години помлада.

Моника исто така е поддржувач на здрава исхрана, а диетата која ја препорачува не е воопшто ригорозна.

Доколку не сте поддржувач на рестриктивна диета, ова дефинитивно ќе биде вашето идеално мени.

Исто така, сосема е во ред да се продолжи со овој режим по поригорозна диета, ако досега сте држеле. Диетата на Моника Белучи изгледа вака:

Ден 1: Појадок: една шолја кафе, неколку големи крекери со една лажица џем.

Ручек: салата од зеленчук зачинета со маслиново масло, парче леб од цело зрно, 115гр.свежо овошје или бобинки.

Вечера: шпагети плус рендано сирење, какво било овошје и зеленчук.

Втор ден: Појадок: јогурт, малку овошје.

Ручек: пржени јајца (три белки и една жолчка), задушени тиквички, леб од цело зрно.

Вечера: 120 грама варено месо со мала содржина на масти, салата од свеж зеленчук или овошје.

Трет ден: Појадок: два тост лепчиња, овошје, шолја чај со парче лимон.

Ручек: варени компири, зачинети со маслиново масло и свежи билки, сирење со малку маснотии.

Вечера: шпагети со зрели домати и зеленило, свежо овошје.

Четврти ден: Појадок: 200 грама јогурт со малку маснотии со една лажица корнфлекс.

Ручек: педесет грама варен ориз, сто грама варено телешко месо, сто грама задушени тиквички, бобинки.

Вечера: 150 грама варена риба, салата од свеж зеленчук, прелиена со маслиново масло, грозје.

Ден 5: Појадок: тост и 200 грама свежо цеден сок.

Ручек: Шпагети со свежи билки, неколку парчиња ананас.

Вечера: салата (конзервиран грав, варено јајце, кромид, зеленчук), парче леб од цело зрно, овошје.

Шести и седми ден: повторете го менито од било ден.