Моника од Пријатели зборуваше за естетските корекции: Не сфатив дека изгледам навистина чудно

ИЗВОРНов Лист
|

Актерката Кортни Кокс, најпозната по улогата на Моника во серијата „Пријатели“, веќе неколку пати ги изненади фановите со својот изглед. Многупати коментираа дека нејзиното лице изгледа речиси непрепознатливо поради естетските корекции.

Сега актерката зборуваше за нејзиниот изглед и естетски корекции. Вели дека барала начин да остане млада, а подоцна зажалила затоа што зафатите на неа оставиле трага и се сметала себеси за чудна.

„Имаше време кога мислев дека се менувам и изгледам постаро. Со години се обидувам да ја бркам таа младост. Не сфаќав дека со инјекциите всушност изгледам навистина чудно и правам работи на моето лице што Не би ги направила сега“, рече таа.

Таа вели дека сфатила што направила дури кога блиските луѓе почнале да го коментираат нејзиниот изглед.

“Дојде момент кога реков дека морам да престанам, ова е лудо”, вели актерката, која одлучила да престане.Сака да проба поприродни методи за поубав изглед.