|
Вчера на улицата Индира Ганди, мопед „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Џ.(60) од Битола, удрил во малолетничка од Скопје.
Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а малолетничката со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.