Мотивираноста за работа ви е доста опадната, но вие сеуште сте спремни да вложувате напори – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Премногу сте напнати од потребата се да изгледа перфектно како и сите околу вас да бидат задоволни. Намалете ги вашите минливи критериуми. Ќе ви одговара средбата со едно лице кое за момент умее да ве повлече во светот на чудесната романтика или нежност.

Бик (21.04 – 21.05)

Повеќето работни обврски можете да ги завршите на рутински начин. Нема потреба да се расправате со неистомислениците. Доколку ви се чини дека наидувате на емотивен прием во нечие друштво, размислете за своите постапки. Некаде грешите со проценките.

Близнаци (22.05 – 22.06)

На работа ве очекува прилично комплицирана ситуација, затоа што не сте способни да се концентрирате, работите пристигнуваат или отпаѓаат, а вие не сте во состојба да се снајдете во таа гужва. Во љубовта постои можност да бидете фатени во лага.

Рак (22.06 – 22.07)

Многу ви се допаѓа тимската работа, но под услов вие да бидете главни. Ве очекува некое патување. Со задоволство ќе прифатите таква понуда, бидејќи патувањата просто ги обожавате. Иако не изгледате како некој кој лесно може да се излаже-можете да станете нечија жртва.

Лав (23.07 – 22.08)

Мотивираноста за работа ви е доста опадната, но вие сеуште сте спремни да вложувате напори за навремено извршување на работните задачи. Нека не ве мачат сомнежите од поголеми размери, бидејќи со нив ќе ги доведете во прашање вашите важни планови.

Девица (23.08 – 22.09)

Во вашата работна средина ќе се случат некои големи кадровски промени. Ќе соработувате со новите колеги, менувајќи го местото и начинот на работа. Финасиската состојба се подобрува. Љубовниот живот без значителни промени.

Вага (23.09 – 22.10)

Чуствувате негативна енергија во вас. Постојат начини со кои ќе се ослободите, на пример: спорт, внесување во работата или пак целосно предавање на љубовта. Семејните средби ќе ви ги вратат детските сеќавања што биле длабоко закопани.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На работното место ќе соработувате и ќе контактирате со другите. Тоа е добро, бидејќи ќе го зацврстите пријателскиот однос, но исто така и заморно затоа што веќе имате доволно свои проблеми. Ако имате партнер ве очекуваат расправии и тоа најповеќе за неговите проблеми.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе биде изразена желбата за забава и дружење.вКонтактите ви се подобруваат особено со соработниците и претпоставените. Секако дека треба да е присутна извесна доза на претпазливост. Внимателно со финансиите.

Јарец (22.12 – 20.01)

Подготвени сте за нови предизвици, па затоа максимално ќе се ангажирте. Се додека никој нема да ве потиснува, ќе се чувствувате одлично. Денес сте си многу убави, и на себе и на другите, и се чувствувате некако слободно.

Водолија (21.01 – 19.02)

Вешто ги користите своите способности во различни ситуации и не се откажувате од своите деловни визии. Успехот е на ваша страна, се додека имате претстава за тоа што и колку сакате да остварите. Подготвени сте да направите речиси се за својот партнер.

Риби (20.02 – 20.03)

Се соочувате со лицата кои без пардон ги оспоруваат вашите способности. Важно е да ја премолчите ситуацијата која може да ја сфатат на погрешен начин. Доколку некој упорно ве критикува, тоа можеби претставува добра тема за размислување или преиспитување.