Моторциклист излета од пат – Веднаш е пренесен во болница

|

На 12.07.2023 во 23.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Фалише – Тетово, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Д.Ј.(30) од тетовско Фалише, излетал од коловозот.

-Во несреќата, Д.Ј. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информира МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.