Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

|

На 21.05.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Војвода Васил Чакаларов“ и ул.„Ангел Динев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат линеа“, управуванo од И.В.(49) од Скопје и мотоцикл „априлија“, управуван од А.А.(42) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.А., констатирани од лекар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.