Може ли да ја решите најтешката загатка во светот?

ИЗВОРНов Лист
|

Одите на напуштен остров на кој живеат сто пријателски настроени змејови. Сите змејови имаат зелени очи. Тие не виделе човек со векови и се многу возбудени поради Вашата посета. Тие Ви го покажуваат островот и Ви кажуваат сè за нивниот живот.

Тие изгледаат нормално, но тогаш откривате нешто невообичаено. Тие имаат едно правило на островот според кое доколку еден змеј открие дека има зелени очи, тогаш истиот ден на полноќ мора да се ослободи од сите моќи и да се претвори во птица со долга опашка. Нема огледала на островот и тие никогаш не зборуваат за бојата на очите, па змејовите живеат во незнаење. Кога заминувате, сите змејови се собираат за да Ве испратат.

Вие им се заблагодарувате за нивната гостопримливост и одлучувате да им кажете нешто што тие веќе го знаат (бидејќи секој од нив може да ја види бојата на очите на останатите змејови). Им кажувате дека барем еден од нив има зелени очи. Потоа заминувате без да размислувате за последиците. Да претпоставиме дека змејовите размислуваат логички.

Што се случува? Доколку нешто навистина се случи, која е новата информација која сте им ја дале на змејовите?

Решението? Дефинитивно нема да биде: „Ниеден змеј не се трансформира“.