Можеби не можете да летувате на Миконос, но може да ја направите оваа традиционална пита од овој остров

ИЗВОРСкопје24
|

Питата од кромид е нешто највкусно што ќе го пробате. Питата на која жителите на Миконос се многу горди.

Состојки за тестото:

– 350 грама брашно; – 3 супени лажици маслиново масло; – сол.

За смеса:

– 1 килограм овчо бело сирење ; – 1 голема главица розов кромид, изрендан; – 5-6 главици лук, ситно исецкан; – 2 јајца; – сол и бибер.

Подготовка:

Со миксер изматете го брашното со солот. Додадете малку масло и малку по малку 3/4 млака вода.

Миксирајте додека сето тоа не се соедини убаво. Обликувајте го тестото како топка и оставете го да отстои барем еден час на некое потопло место.

Во меѓувреме подгответе ја смесата:

Со виљушка изгмечете го сирењето, измешајте го со кромидот, маслото, јајцата (кои претходно сте ги изматиле), а на крајот додадете сол и бибер.

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Поделето го тестото на два дела, но едниот да биде поголем од другиот.

Ставете масло во плехот земете го поголемиот дел од тестото и растегнете го во плехот така што ќе виси на сите страни од плехот.

Извлечете ја смесата и прекријте ја со помалиот дел од развиеното тесто, а потоа споете ги краевите на тестото со останатиот дел од тестото.

Веднаш исечете ја питата на парчиња.

Избоцкајте ја за да може да “дише“ и малку премачкајте ја со масло.

Печете ја еден час сè додека не добие златна боја.

Пријатно јадење!