Можен е нов полициски час и локален карантин за општите Чаир, Сарај, Гази Баба и дел од Штип , најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека Комисијата за заразни болести се разговарало за ова, ја следат ситуацијата и согласно бројките, локацијата и начинот на трансмисија на заразата, подготвени се да препорачаат воведување на локален полициски час во овие четири општини.
„Во Сарај денес има само 2 дијагностицирани за 24 часа, но интензивно се работи во Чаир и во Студеничани каде што имаме нови тестирани и бројките ќе ги имаме утре. Во Штип заедно деноноќие има 27 нови случаи,и по денешниот увид на Министерството за здравство и на Државниот здравствен и санитарен инспекторат на Центарот за јавно здравје Штип, одлучено е да се затворат 5 конфекции до понеделник, а 600 текстилни работнички ќе се тестираат“, изјави министерот Филипче.
Фабриките во Штип се затворени бидејќи работничките се возеле во исти автобуси, заедно. Екипи од ДСЗИ се испратени и во Куманово. Филипче потенцира дека нема неконтролирано ширење, туку дека во 70 посто, тоа се познати кластери.