Можни се мали кавги за девиците, Време е овните да оладат малку – Дневен Хороскоп (29.11.2021)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Имате огромна потреба на луѓето од вашата околина да им објасните што и како треба да работат. Време е да оладите малку. Зафатените Бикови ги очекува пријатен ден со саканото лице.

Бик (21.04 – 21.05)

Конечно ќе добиете некоја многу важна информација поврзана со некоја личност. Бидете внимателни. Во љубовта се плашите дека саканото лице би можело да ве остави.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Премногу е рано за конкретни промени на работа. Не се брзајте, почекајте десетина дена, времето ќе ви биде од корист. Можни се мали кавги со саканото лице.

Рак (22.06 – 22.07)

Колегите ве опоменуваат дека е време да го промените своето однесување. Послушајте ги, не бидете твтдоглави. Во љубовта нема потреба да го провоцирате партнерот.

Лав (23.07 – 22.08)

Поминувате многу време на работа и поради тоа ги запоставувате другите обврски. Партнерот има чувство дека не му посветувате многу време, и сосема е во право.

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе реагирате поимпулсивно отколку вообичаено. Можно е да повредите некоја личност, ненамерно. Добро размислете пред да кажете нешто. Во љубовта не се возбудувајте за некои ситници.

Вага (23.09 – 22.10)

Доколку сметате дека туѓиот план не е доволно добар, направете свој. Пробајте ги двата плана, па дури тогаш донесете конечен заклучок. Споредувањето со други лица, негативно влијае на вашиот љубовен живот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Време е да се посветите на собирањето на контакти кои би можеле да ви помогнат да напредувате во кариерата. Слободните Шкорпии ќе имаат прилика да запознаат некое многу интересно лице.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ако сакате да ги постигнете сите зацртани цели, ќе морате да поработите на организацијата. Непотребно се грижите поради однесувањето на саканото лице. Се е во добар ред, не му наоѓајте замерки.

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате чувство дека колегите и надредените ви смислиле некој план зад вашиот грб. Прашајте ги отворено за намерите, не дозволувајте никој да ве прави глупави. Во љубовта имате чувство дека партнерот има преголеми очекувања од вас.

Водолија (21.01 – 19.02)

Време е да решите некое важно прашање, насочете ја вашата енергија кон тоа и подоцна ќе го видите резултатот. Во љубовта одличен ден за планирање на патување со саканото лице.

Риби (20.02 – 20.03)

Имате одлични идеи, но не знаете како да ги реализирате. Некој од семејството ќе ви даде одличен совет. Еден неочекуван романтичен повик пријатно ќе ве изненади.