Можно ли е зголемување на цената на струјата за 20 до 30 проценти?

|

Владата следната седмица ќе одлучува по која цена ЕСМ ќе ја продава струјата на ЕВН што пак ќе влијае на крајната цена што ќе ја плаѓаат граѓаните. Пресметките на ЕСМ се веќе доставени до Владата и се бара цена поголема од 36 евра по мегават час, цена по која ЕСМ сега ја фактурира цената на ЕВН. За сега никој не открива колкаво зголемување ќе дозволи Владата, но според неофицијални информации се бара производната цена да достигне до 45 евра за мегават час.

Дали ЕСМ ќе успее да обезбеди 100% од потребите на ЕВН или само 60% колку што се обврзани е уште едно прашање од кое зависи крајната цена на струјата.

По која цена ќе ја плаќаат граѓаните струјата од Јануари ќе се знае по одлуката на регулаторната комисија за енергетика кога ќе бидат утврдени сите детали што учествуваат во креирањето на цената, но според неофицијални информации на Телма првични паушални пресметки на ЕВН покажале дека потребно е зголемување од 20 до 30% .

За сега од ЕВН негираат и велат дека се уште е рано за пресметки.

“Прелиминарни пресметки за цената на електричната енергија во наредниот период не можат да се направат без да се знаат влезните параметри/цени како што се: цената по која ќе се набави електрична енергија од државната АД ЕСМ, од државниот Преносен систем оператор МЕПСО,цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција, односно дали сите тие цени ќе претрпат измени” велат од ЕВН. Конечната одлука ќе ја донесе РКЕ од каде стигнаа и најави дека ќе се намали профитот на енергетските компании ако пресметкте покажат дека треба да има значителен раст на цената.