Можност и за Македонците: Германските газди молат за работници кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ

ИЗВОРСкопје24
|

Германски компании очајно бараат работници. Тие имаат проблеми со пронаоѓање работници, а дека тоа е така покажа извештајот на Здруженијата на германските комори за трговија и индустрија. Проблемот со пронаоѓањето нови работници во годинешниот извештај го навеле 49 отсто од компаниите, утврдиле од Здруженијата на коморите.

Повеќе од половина од анкетираните компании денеска се подготвени да бараат работници и надвор од ЕУ.
Особено големи тешкотии изразиле во градежниот сектор, што го кочи проширувањето на дигиталната инфраструктура, оценуваат од Здруженијата на коморите.

Сè поголеми проблеми се јавуваат во секторот на електрично инженерство во кој многу компании имаат проблеми со пронаоѓање работници со потребните квалификации.

Досега во Германија дошле скоро 40.000 работници од земји надвор од Европската Унија, вели лидерот на Здруженијата, Аким Дерк, предвидувајќи зголемување на нивниот број до шестцифрени вредности.

На Германија до 2060 година ѝ требаат најмалку 260 илјади нови работници од мигрантско потекло годишно, за да ги задоволи своите потреби и да го покрие демографскиот недостиг.
Од таа бројка, околу 146 илјади луѓе секоја година ќе треба да мигрираат од земји кои не се членки на ЕУ, покажа претходно истражување на Фондацијата Бертелсман.