Овен (21.03 – 20.04)
Некои работи ќе ве прават доста немирни и ќе ви создаваат фрустрации, но ќе имате и причини за задоволство. Ќе имате добри контакти со важни луѓе, а некои ќе се обидат да ви помогнат, па затоа е многу важно да можете да ги препознаете добрите намери
Бик (21.04 – 21.05)
Денеска какви и да се вашите цели и намери ќе приметите дека сите околности ви одат од рака. Бидете што поамбициозни и обидете се да промените нешто во вашата работа и кариера. Потрудете се денеска ако сакате да оставите подобар впечаток на некого кој ви е многу важен.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Сентиментално сте расположени, пристапни не само за туѓи проблеми туку и за туѓите расположенија. Па затоа одбирајте поведри луѓе, смејте се и радувајте се бидејќи тоа е вистинскиот лек за вашата душа. Луѓето со негативна енергија одбегнувајте ги – само можат да ви наштетат.
Рак (22.06 – 22.07)
Би било идеално ако можете денска потполно да се посветите на работниот живот. Морате да заборавите на се што ве измачува и потполно да и се посветите на работата. Иако на почеток нема да видите резулатати сепак издржете и не се разочарувајте.
Лав (23.07 – 22.08)
Во кариерата ви нараснуваат проблемите. Доаѓате до една таква состојба во која не ќе можете да излезете на крај со обврските. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажете од нешто.
Девица (23.08 – 22.09)
Некоја деловна понуда многу ќе ве заинтересира, но одлуката ќе биде тешка. Енергијата ви е на ниско ниво, па затоа ве советуваме да не се напрегате премногу. Материјалната состојба нема да ве загрижува. Во љубовта бидете потолерантни ако сакате да ја сочувате.
Вага (23.09 – 22.10)
Особено поволно ви е нагласено пишувањето и стекнување на материјални богатства. Од вашиот партнер ве очекува материјална подршка. Тој навистина знае да ве мотивира за да го промените својот пристап кон врската и тоа во позитивна смисла.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Многу лесно воспоставувате контаки и го постигнувате тоа што вас ви е потребно. Ова првенствено се однесува на љубовта. Многу припадници на знаков доживуваат незаборавни моменти опиени од нежните љубовни моменти. Заборавете на проблемите и парите, посветете и се на љубовта.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Можностите за деловен успех и професионален напредок денес ви се исклучително поволни, само треба да најдете најдобар начин да ги искористите. Ако сте амбициозни и имате силна волја и јака дисциплина успехот ви е загарантиран. Со партнерот и пријателите добро ќе се разбирате.
Јарец (22.12 – 20.01)
Односите со луѓето ќе бидат доста интензивни и интересни, но односите со претпоставените проблематични. Со една личност која многу ви значи како пријател не ќе можите да воспоставите однос како што сакате. Нешто ќе се попречи помеѓу вас. Работниот живот носи нови работни задачи.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денот ќе ви донесе доста возбудувања и настани со кои ќе ја зголемите напнатоста. Повеќе ќе се движите отколку што ќе ги решавате проблемите, но сепак од тоа ќе извлечете некаква корист. Ќе мора контактите со луѓето да ги подобрите, а со тоа и ситуацијата на работното место.
Риби (20.02 – 20.03)
Што повеќе луѓе и средби тоа подобро. Комуникативноста денеска е на прв план па ќе настојувате да ја спроведете на дело. Посетете ги вашите стари пријатели, а можете малку и да озборувате, но внимавајте без некому да наштетите. Тоа одлично ќе ве опушти.