|
Вонреден инспекциски надвор ќе биде испратен во соодветната установа за згрижување на децата, информира Министерството за труд и социјална политика, по видеото кое што го објави порталот „Слободен печат“ на кое се гледа како деца во детска градинка играат на несоодветна музика, а истата им ја пуштаат вработени во градинката.
– Јавните установи за згрижување и воспитување на деца работат врз основа на Програма за рано учење и развој која воспитно – згрижувачкиот кадар е должен да ја спроведува. Надлежните инспекциски служби ќе ја утврдат фактичката состојба околу спроведувањето на Програмата, по што ќе предложат соодветни мерки, се вели во соопштението.