Му дала на синот необично име и се заплеткала во законски проблеми

ИЗВОРНов Лист
|

Блогерката Клер Александер Џонсон за своите деца избрала необични имиња. Тројцата постари синови ги нарекла Атлас, Еверест и Зефир, но проблемите настанале откако на новородениот син одлучила да му го даде името Ситизен, што во превод значи граѓанин или државјанин.

„Добре дојде на светот, Ситизен Сејџ Александер Џонсон“, напишала на Инстаграм.

„Стар си 10 дена. Жалам што процесот на избирање на име потраа. Имавме проблеми кога го објавивме твоето име затоа што ни рекоа дека тоа име е нелегално во Австралија“, појаснила и додала дека станува збор за име што се вбројува во категориите на титули.

„Се обидовме да го смениме. Дури размислувавме и за името Диско. Но ништо не одговараше зашто си Вага со подзнак на мошне разумниот и приземен Јарец. Затоа си Ситизен и секогаш ќе бидеш Ситизен (граѓанин) на светот“, додала.

Според австралиските закони постојат некои имиња кои се неприфатливи. Главно станува збор за имиња кои вклучуваат прости зборови или оние кои тешко се изговараат бидејќи содржат симболи или бројки.

Меѓу неприфатливите имиња во таа земја се наоѓаат и Инспектор (инспектор), Бишоп (бискуп), Комишнер (довереник) или Прајм министер (премиер).

слободен печат.мк