Неодамна на социјалните мрежи почна вирално да кружи видео со 5-годишно момче од Авганистан кое танцува од среќа, откако добило вештачка нога.
Ахмад Рахман имал само 8 месеци кога со неговата сестра биле ранети во своето село во пре*трелка помеѓу владата и Талибанците.
Ахмад бил за*трелан во ногата и потоа имал ампутација за да му го спасат животот.
Момчето добило вештачка нога и му требало речиси една година за да научи да оди со неа, а сега веќе може и да танцува.
Ова е среќа.