Му пишувала казна за непрописно паркирање, тој ја удрил со кола – полесно повредена полицајка од СВР Скопје

|

Полицајка од СВР Скопје била удрена со кола, бидејќи на сопственикот му пишувала казна за непрописно паркирање.

Како што стои во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР), на 4 октомври околу 12:40 часот, на улицата „Франклин Рузвелт“, едно лице кое управувало патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки удрило во полициска службеничка која извршувала службени дејства.

Додека полицајката ја пишувала казната, сопственикот на „бмв“ влегол во колата и со возилото ја удрил во ногата, таа нема посериозни повреди.