Му се слошило пред настап – Бојан Маровиќ со брза помош итно префрлен во болница

|

Црногорско-српскиот поп-пејач 39-годишниот Бојан Боки Маровиќ кој на овие географски простори се прослави пред повеќе од 20 години и кој е доста омилен пред се кај нашите Македонки, ова летово го помина турбо работејќи, пеејќи, те ваму, те таму. И секако недостатокот на одморот најлошо му се одразило на здравјето. На популарниот пејач по овие африкански вруќини наеднаш му се стемнило пред очите, му се гадело во желудникот и за неколку секунди ја изгубил свеста. Итно беше префрлен во болницата и тоа на еден саат пред концертот, кој требаше да се оддржи во градот Петровац на Море.

-Сè е во ред, сега. Но не ми беше добро. Можев и полошо да поминам. Изморен сум навистина, ме исцрпија вруќините. Ова лето ми е преполно со настапи, а летото е толку топло поради што и оние со сибирско здравје постојано се жалат. Но и јас самиот сум за критика. Наместо да земам некој одмор да бидам покрај морето во дебела ладовина, да сум со освежителни овошни коктели, јас сум постојано или на сцена или на пат во автомобил. Најлошото помина. Нема место за паника. Благодарение на лекарите успеав да го одржам концертот.