Му се заканиле со нож на вработениот и го повредиле: Две лица ограбиле казино во Струмица

|

СВР Струмица поднесе кривична пријава против И.Е.(22) од Скопје и С.А.(19) од Струмица.

Тие според полицијата се сомничат за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 13.08.2023 во казино во Струмица, пријавените со закана кон вработениот Р.Ј.(23) од Струмица одзеле пари од дневниот промет, при што употребиле нож и му нанеле повреда.

Исто така, маж од Дебар ја нападнал сопругата и ја повредил соопшти полицијата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Ј.(28) од Дебар.

Тој како што информираат надлежните се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.

Имено на 12.08.2023 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел повреди.