|
Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, доби нови 30 денови притвор, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје.
Инаку, тој во притвор во затворот „Скопје“, заврши на 9 април како основен осомничен во истрага што ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Заедно со него, осомничени се и двајца хрватски државјани. Случајот се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги односно за изработка на физибилити студија за „Пошта на Северна Македонија“.
Откако се дозна за аферата, Зеќири си поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата.