МВР демантира: Насилникот од Петровец е лишен од слобода

|

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите објавени во дел од медиумите за наводно нереагирање на полицијата во врска со извршено насилство врз М.З. (24) од Петровец, скопско.

„Напротив, веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје и насилникот е лишен од слобода“, велат од МВР и додаваат:

„Веднаш по добиената пријава од М.З. дека на 27.04.2023 во дворот пред нејзиниот дом во Петровец била физички нападната од Е.Л. од Петровец, кој потоа ја нападнал и нејзината мајка З.З., преземени се соодветни мерки и активности. Е.Л. е лишен од слобода и во службен разговор во полициска станица го признал делото. Известен е јавен обвинител и против Е.Л. по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело насилство по чл.386 од КЗ.“