МВР: Макета на полицаец со радар ќе превенира пребрзо возење во Тетово (ФОТО)

|

МВР информира дека презела нова превентивна активност на подрачјето на СВР Тетово, со цел да се влијае за поголем сообраќаен ред и безбедност на патиштата на подрачјето кое ингерентно го покрива.

Полицијата појаснува дека поставиле мобилна макета на полицаец со радар на надвозникот за тетовско Камењане, а која според првично сондираните сознанија и искуства, позитивно се одрази врз брзината со која се движеа возилата во насока кон Гостивар и обратно.

-Планирано е да се обезбедат уште неколку вакви мобилни картонски макети, кои би биле ставени во функција, особено во текот на летните месеци, кога вообичаено се зголемува вкупната сообраќајна фреквенција на поширокото тетовско подрачје. Макетите, како што веќе споменавме, се мобилни и тие ќе се преместуваат и на регионалните и локалните патишта, информираа од МВР.