МВР со апел за прославата за Вардар: Внимавајте за ова следат строги санкции

ИЗВОРСкопје24
|

Министерството за внатрешни работи му честита на ракометниот клуб „Вардар“ за освојувањето на титулата европски шампион. Притоа, укажува дека радувањето на спортските успеси е неспоиво со говор на омраза, дискриминација и поттикнување на омраза и на*илство.

МВР ќе ги преземе сите неопходни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир на пречекот на нашите европски шампиони и ќе биде најстрого санкциониран било каков обид за предизвикување на ин*идент, како што тоа беше направено на синоќешната прослава.

Апелираме до граѓаните да не употребуваат навредливи пароли, скандирања или пеење на песни со кои шират говор на омраза, затоа што тоа ќе биде санкционирано. Апелираме до граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства затоа што на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните, како што тоа беше случај синоќа со една девојка што се здоби со повреди од пиротехничко средство.

Граѓаните кои ќе забележат било какво прекршување на законите да пријават кај полициски службеник или најблиската полициска станица или да се јават на бројот 192. Ја известуваме јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза и на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук.

На крајот, уште еднаш ги повикуваме граѓаните достоинствено да ги пречекаме хероите од Келн и заеднички го прославиме овој историски успех, велат од МВР.