МВР се огласи по повод опожарувањето на културниот центар Иван Михајлов во Битола кое се случи утрово.
На 04.06.2022 околу 05 часот Ѓ. Ѓ. (49) од Битола пријавил во СВР Битола дека слушнал кршење на стакло и видел како гори пред влезната врата од објектот на Здружение на граѓани културен центар Иван Михајлов во Битола, лоциран на ул. Рузвелтова по што веднаш пријавил и во Територијалната против пожарна единица Битола, велат од МВР.
Огнот е локализиран од страна на ТППЕ Битола, а увидната екипа на СВР Битола во координација со дежурен јавен обвинител од ОЈО Битола извршила увид и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на случајот, соопштија од надлежното министерство.
Република Северна Македонија експресно го осудуди актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.
-Ваквиот вандалски на пад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина. Ова кривично дело неслучајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија, велат од МНР.
Додаваат дека надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин.