МВР со детали за убиството и пожарот во стан во Хром

|

На 22.09.2023 во 09.47 часот во СВР Скопје пријавен е пожар во стан на ул. Исаија Маџовски во Скопје.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а во опожарениот стан пронајден е починат И.Ј. (35) од Скопје.

На телото на И.Ј. се утврдени траги од насилство и извршена е обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека станува збор за насилна смрт како последица на убоди од остар предмет.

СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје презема мерки за расчистување на случајот.