МВР со детали за вооружениот напад во “Ѓорче”: Две лица пукале кон А.В., му нанеле прострелна рана

|

На 27.09.2023 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) од Скопје и му нанеле прострелна рана.

Од пукањето било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“. А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.