Младо безживотно тело утрово околу 9:45 било пронајдено во приватна вила во село Ѕвегор, Делчевско. Телото било пронајдено од Итната медицинска помош која по телефонски повик се упатила на местото на настанот и го пронашла веќе по*инатото момче. Лекарите само ја констатирале ситуацијата.
Десет минути по екипата на Итната медицинска помош пристигнале двајца инспектори и јавен обивнител. Подоцна е утврдено дека се работи за лицето со иницијали А.З. Извршен е увид под раководство на јавен обвинител.
Депресијата не поминува со тапкање по рамо: Стручњаците за болеста поради која расте бројот на самоубиства
Живеејќи со брзо темпо, во трка по кариера, пари и среќа, многумина од нас забораваат дека и тагата е сосема нормална работа, нешто со кое што треба да се носиме и да соочиме како и со среќата, велат светските психолози.
Депресијата, според српскиот психотерапевт, колумнист и писател Марко Браковиќ станува една од најскапите болести на денешницата, затоа што долго и тешко се лечи.
„ Тагата е нормална, здрава работа, но патолошкото тагување, тоа се знаци на депресија. Таа наскоро ќе биде во врвот на сите болести, и е најскапа болест е, затоа што што лечењето долго трае“, објаснува Браковиќ.
„Пред само десетина години депресијата беше мистериозна болест и за неа не се зборуваше толку многу јавно и луѓето не беа информирани како да ја препознаат и да превенираат. Денес за депресијата се зборува толку многу, се пишува исто толку со илјадници истражувања и научни студии, а сепак превенцијата е толку малку присутна. Депресијата не се случува само во светот на славните личности, туку се случува и кај обичниот човек. Не се случува некаде далеку во светот, туку се случува и кај нас“, објаснува за Женски магазин психологот Бојана Стојменовиќ.
„ Тоа може да биде твојот комшија, мојот, пријателот, партнерот, омилениот актер, музичар, продавачката во маркетот. Депресијата е сериозна болест која не бира образование, години, пол или пак место на живеење. Може да се случи на сите и затоа е од голема важност сите да бидеме информирани да ја препознаеме, да знаеме како да превенираме и секако каде да побараме стручна помош. Лицето кое страда од депресија може подолго време да ја задржи својата надворешна фасада, додека внатрешно буквално се распаѓа. Суицидот за жал е само крајната станица на депресијата“, додава Стојменовиќ.
Повеќе прочитајте ТУКА.