Во интерес на јавноста како министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство сакаме да информираме, а воедно и да ги корегираме искажаните лажни наводи во врска со ситемот за авионско засејување на градоносни облаци кој како проект министерството го работи заедно со УХМР.
Најпрво сакаме да напоменеме дека овој систем согласно склучениот договор за ангажирње на авиони се однесува и користи за превенција и заштита на земјоделски површини од појава на град. Токму затоа овој систем е важен во заштитата на земјоделското производство.
За користењето на системот за авионско засејување на градоносни облаци министерството годишно одвојува 1 милион евра од својот буџет и истиот се користи од 2020 година.
За оправданоста на овој метод и неговата важност во заштита на земјоделските површини говорат и бројките преку кои се гледа дека процентот на заштита од град кај земјоделските површини е 80%, што претставува добар процент ако се земе во предвид дека на светско нивно успешноста во заштита од град на земјоделски површини се движи во просек до околу 60%.
Статистички бројките говорат дека во периодот од 2020 до август 2022 година бројот на денови со градоносни облаци е многу поголем споредбено со периодот од 2016 до 2019 година. Бројките бележат многу помали штети во периодот од 2020 и 2021 година, токму поради користењето на системот за авионско засејување на градонсони облаци.
За споредба во 2016 година од град забележана е штета од 233,6 милиони денари или пак во 2018 година штетите од град кај земјоделските површини достигнале до 489,5 милиони денари. Во 2020 година, кога веќе се користи системот за авионско засејување забележана е до сега најмала штета на земјоделски површини од 120,4 милиони денари или во 2021 година од околу 194 милиони денари.
Исто така во периодот од 2020 година заклучно со 31 авкуст 2022 година исвршени се вкупно 679 часа авионско надлетување и делувано е со 1964 килограми рагенс. Поточно по години во 2020 остварени се 182 часа надлетување со искористени 434 килограми реагенс за засејување на облаците, потоа во 2021 година остварени се 252 часа со искористени 784 килограми реагенс, а заклучно со 31 август 2022 година споведено е наделтување од 245 часа и искористени се 746 килограми реагенс за засејување.
Сите овие податоци говорат за оправданоста на средствата кои се користат за системот за авионско засејување на облаците, метод кој докажано е подобар од ракетнотно засејување.
Дождот како природна појава не може во целост да се спречи, но може навремено да се превенира и да се делува во намалување на последиците од временските непогоди.
Токму МЗШВ како одговорна институција навремено презема чекори за заштита на земјоделските површини од појава на град, токму преку системот за авионско засејување.
УХМР навремено известува за временските нестабилности и секоја институција може навремено да се подготви план и да ги заштити граѓаните .
Во таа насока аплелираме во иднина наместо изнесување лажни и паушални обвинувања кои имаат за цел собирање на ситни политчки поени, да видиме конкретни предлози за заштита на граѓаните.