Лидерот на СДСМ Зоран Заев на новинарско прашање за стартот на учебната година рече дека ќе има зкаонски измени и дека таа ќе почне од 1 октомври.
– Почетокот на школската година ќе биде на први октомври, ќе почне со селекција на дел од децата кои треба да ги описмените, онлајн наставата е концепт за сите. Ова го кажувам за да знаат граѓаните дека имаме комплетен план со анализи за образовниот процес да тече и да го заштитиме нивното здравје. Следуваат и законски измени. Министерот Адеми изјави за 15 септември, но на први септември не почнува школската година. Заради здравствени протоколи почетокот ќе биде на први октомври, рече Заев.
Филипче вчера најави како ќе изгледа учебната година оваа година
Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во ТВ Сител информира дека наставата со физичко присуство што ќе ја следат само учениците од прво до трето одделение ќе почнува во различно време, односно ќе има временска дистанца од 10 минути за да нема мешање меѓу учениците и да се намали ризикот од какво било пренесување на болеста.
-Има многу барања и размислувања и многу дилеми, пратиме и гледаме многу искуства од многу земји во светот, но ние одлучивме и тоа само така може да биде, приоритет ќе биде заштита на здравјето на граѓаните. Препораката е да не се излегува од училниците за време на одморите и овие три одделенија кои ќе почнат, односно прво, второ и трето одделение да почнуваат во различно време со временска дистанца од 10 минути за да не се среќаваат на влезот, ниту пак на крајот на часовите. Сакаме да ги избегнеме оние лоши сценарија кои ги видовме во земјите кои ги отворија целосно училиштата, рече Министерот
Истовремено истакна дека многу анализи покажале дека децата се со најлесна клиничка слика и најмалку процентуално, односно децата до 9 години се под 4 проценти.