Низа забелешки во однос на нефункционирањето на поврзаноста на институциите, работењето на администрацијата, но и во однос на законската регулатива упати Државниот завод за ревизија во извештајот за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Ревизорите потенцираат дека сегашниот Закон за пензиско и инвалидско осигурување не е добар во однос на исплатите на привремените инвалидски пензии и бараат негово менување. Со сегашното законско решение на 66 корисници на привремена инвалидска пензија, по лекарските прегледи во 2017 и во 2018 година, пензиите им се укинати, но додека се донело конечното решени тие им биле исплатувани, па поради тоа секој од нив треба да врати во просек по 3.440 евра, објави Слободен печат.
Со важечкиот закон, контролниот преглед е задолжителен, а по решението на Комисијата, корисникот на привремената инвалидска пензија има право на жалба. Во меѓувреме пензиите се исплатуваат, но ќе мора да се вратат ако второстепена комисија потврди дека престанале условите за исплата на инвалидската пензија.
Државниот завод за ревизија утврдил дека во 2017 година се воделе вакви 25 предмети и дека се исплатени пензии во вкупен износ од 58.569 евра што треба да се вратат, додека во 2018 година се воделе 44 предмети и вкупен износ на исплатените пензии што треба да се вратат изнесува 174.845 евра.
Целиот текст прочитајте го на Слободен печат ТУКА.