За Бали Бег можна казна од 4 години: Еве зошто омилен турски актер може да заглави зад решетки

ИЗВОРНов Лист
|

Актерот Бурак Озџивит, на локалната публика попознат како Бали Бег може да заврши зад решетки.

Доколку биде обвинет, тој се соочува со четири години зад решетки. Но, последниот збор ќе го даде Третиот суд во округот Беикоз во Истанбул.

Актерот беше виновникот за инцидентот што се случи минатиот декември на снимањето на серијата „Курулус Осман“. Сценографот и уште тројца членови на тимот го тужеле за навреда.

Во соопштението доставено до судот се наведува дека актерот среде снимањето излегол од шаторот и почнал да ги навредува вработените што можат да го потврдат повеќе сведоци. Сепак, тој ги негираше обвинувањата.

Медиумите наведуваат дека учесниците во инцидентот се обиделе мирно да го решат проблемот, но не постигнале договор.