На Балканците полесно им е да купат стан во Германија отколку во земјата од каде што доаѓaат – „За две години работа во Германски пошти, купивме стан“

ИЗВОРnovlist.mk
|

Млад брачен пар од Славонски Брод, Сара и Хрвоје Паљуг, веќе неколку години разнесуваат пошта во германскиот Бад Хонеф.
Како што пренесува порталот Дојче Веле, тие на работа се колеги, а дома брачни партнери. Со нивната нова работа Сара и Хрвоје биле во можност да земат станбен кредит и така да дојдат до нов стан во Германија.

Тие по две години работа во Германски пошти одлучиле да купат стан со кредит во место кое е оддалечено само неколку километри од Бад Хонеф. Како што велат, немале никакви проблеми околу реализација на кредитот, и покрај тоа што се од Хрватска, а не од Германија. Отплатата ќе им трае во следните 25 години, но ратата ќе им биде помала или скоро иста како кога плаќале за станарина која во просек изнесувала од 500 до 700 евра.
Според нивните пресметки, многу поисплатливо е да имаат сопствен стан, отколку да плаќаат кирија.


Сара за „Дојче Веле“ раскажа како заминала во Германија. Имено, откако ја изгубила работата во Славонски брод затоа што продавницата за спортска опрема се затворила, таа и се јавила на својата мајка која во тоа време веќе била да работи во Германија, во место близу до Минхен. Мајката месец дена чувала постара жена и нејзина ќерка, а месец дена поминувала во Хрватска. На нејзин предлог и Сара решила да замине во Германија, посебно затоа што жената кај која нејзината мајка работела била решена да и помогне.
Следниот месец таа заминала за Германија и останала во ова семејство четири месеци.

„Германски практично го учев од почеток и мојата прва работа беше во пекара. На почетокот ми беше навистина тешко заради јазикот, но веќе по неколку месеци ми предложија да одам на обука за водител на смена затоа што навистина се трудев и давав се од себе на работата. Мојот дедо тогаш живееше во Австрија и некако секогаш ми беше цел таму да се преселам, но ете, околностите ме донесоа во Германија“, раскажува Сара за Дојче Веле на хрватски јазик.
Во меѓувреме нејзиното момче продавал велосипеди и работел уште неколку работи други за да собере пари за превод на дипломата и часови по германски јазик. На крај заедно заминаа во Бад Хофен

Во Бад Хонеф најпрво живееле шест месеци во семејството на една пријателка. На почетокот работеле на базен како сезонски работници кај сопственик по потекло од Загреб. За некое време Сара повторно се вработила во пекара, а Хрвоје во фабрика за чоколади. Тоа бил тежок период и за двајцата, затоа што се откажувале од многу работ за да соберат пари за стан.


Но еден човек што работел во Германски пошти, а живеел во нивна близина, едно утро ја прашал Сара што работи нејзиното момче бидејќи го гледал како секое утро заминува некаде рано. Кога слушнал дека работи, понудил помош да ги вработи во поштата. Понудата звучела примамливо, па по негова препорака испратиле молба со биографија и Хрвоје брзо го викаат на разговор. Добива шанса да работи како поштар, и покрај тоа што германскиот во тој момент не му е на завидно ниво. Кога го прашале дали може да прочита нешто на германски пред нив, тој им одговорил дека може. Ја виделе неговата желба и труд, па решиле да вработат, иако му било многу тешко на почетокот.

Изгуби дури десет килограми, имаше моменти кога не можеше ништо да разбере, а мораше да ја заврши работата квалитетно.

Но шефовите и колегите била трпеливи со него, но и задоволни од неговиот брз напредок, раскажува Сара.

По шест месеци и таа поднела молба за работа во поштата. Тогаш веќе зборувала добро германски и успеала да се вработи со призната диплома од Средно трговско училиште.

Германскиот град Бад Хонеф така доби еден пар млади поштари, а Балканот најверојатно засекогаш ги изгуби овие двајца млади и вредни луѓе.