На Борко му тргна: Свадба, паричката…следно е СП, нека биде бериќетно (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Новата година убаво почна за Борко Ристовски. Македонскиот репрезентативен голман и неговата животна сопатничка Николина со малиот Душан, во саботата приредија голема веселба за најблиските роднини и пријатели.

Свадбата беше во еден луксузен македонски хотел, а на истата присуствуваа најблиските роднини и пријатели на парот.

За оваа прилика, Борко беше облечен во одело, а невестата во бел фустан со поширок долен дел. На свадбата присуствуваше и нивниот син Душан кој во април оваа година ќе наполни една година.

Потоа Ристовски на својот „Инстаграм“ откри дека бадниковата паричка паднала токму кај него…Му посакуваме убавите денови да се редат, нашиот голман да блесне на Светското првенство и да реди успеси цела година.

https://www.instagram.com/p/BsTpklslhwV/?utm_source=ig_embed